Macedonian

Mакедонски

Имате ли поплака?

Јавен правобранител на Викторија

Јавниот правобранител на Викторија ги испитува поплаките во врска со државните оддели и агенции во Викторија.

Државните агенции во Викторија ги вклучуваат државните училишта, Vic Roads, Corrections Victoria, Одделот за општествени служби, ТАС, WorkCover и многу други.

Секој може да поднесе поплака.

Ако имате поплака

Имате ли поплака на некој државен оддел во Викторија?

Обидете се најпрво да го решите проблемот со одделот

Дали сте незадоволни со тоа како постапил одделот во однос на вашата поплака?

Јавете се кај јавниот правобранител на Викторија

Преведувач

За преведувач по телефон, јавете се на овој број и побарајте го јавниот правобранител на Викторија:

131 450

9 часот претпладне - 5 часот попладне

од понеделник до петок